Connect with us

Џуд Белингам ќе остане на „Бернабеу“ до 2031 година

Џуд Белингaм договорил нов петгодишен договор со Реал Мадрид, кој би требало да го задржи на „Сантијаго Бернабеу“ до 2031 година, објави шпанскиот весник „АС“.


Актуелниот договор на англискиот репрезентативец истекува во летото 2029 година, но со новата спогодба Белингам ќе добие и подобри финансиски услови.


Англичанецот во моментов заработува нешто повеќе од 20 милиони евра по сезона, а новиот договор дополнително ќе ја зацврсти неговата позиција во мадридскиот гигант.


Белингам пристигна во Реал Мадрид од Борусија Дортмунд во летото 2023 година, во трансфер што, според претходните информации, би можел да достигне вредност од 115 милиони фунти.


Во досегашниот период со „кралскиот клуб“, англискиот фудбалер ја освои Лигата на шампионите и една титула во шпанското првенство.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови