Ливерпул ја доби битката за младиот дефанзивец Џовани Леони против неколку клубови од Италија и Премиер – лигата, а откако дознал за интересот на „црвените“, самиот фудбалер сакал исклучиво трансфер на „Енфилд“. Иако има само 18 години, тој нема да биде испратен на позајмица, туку Арне Слот веднаш ќе го интегрира во првиот тим.
Ливерпул продолжува да преговара и со Кристал Палас за Марк Гехи. Во моментов постои разлика во ставовите на двата клуба околу цената на англискиот репрезентативец.
Според „Скај Спортс“, големото прашање е дали ќе постигнат договор сега или „црвените“ ќе почекаат и ќе го донесат Гехи следното лето како слободен играч, бидејќи се сигурни дека тој ќе ги избере токму нив.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона
Евро-фудбал
Јувентус тргна по потписот на Франк Кеси
Евро-фудбал
ПСЖ го претстави Лукас Дињ како нова аквизиција













