Челси го потврди своето десетто летно засилување, откако искусниот играч за врска Џордан Хендерсон потпиша двегодишен договор со лондонскиот клуб.
Англискиот репрезентативец минатата сезона ја помина во Брентфорд, но го раскина договорот со „пчелите“ за да може како слободен агент да се пресели на „Стемфорд бриџ“. Во дресот на поранешниот клуб, 36-годишниот ветеран одигра 34 натпревари, на кои постигна еден гол и забележа три асистенции.
Сепак, најголем дел од својата кариера Хендерсон го помина во Ливерпул, каде што беше и капитен. За тимот од „Енфилд“ настапуваше од 2011 до 2023 година и одигра 492 натпревари, со ефект од 33 гола и 58 асистенции, освојувајќи осум трофеи.
Пред враќањето во Премиер – лигата, искусниот фудбалер имаше ангажмани во Ал-Етифак и Ајакс. За репрезентацијата на Англија има 90 настапи, три гола и 11 асистенции.
„Со оглед на големината на клубот, менаџерот кон кого чувствувам огромно восхитување и квалитетот на играчите, ова беше голема можност што не можев да ја одбијам. Исто така, бев импресиониран од тоа колку сопствениците сакаат Челси да биде успешен и да оди во вистинска насока. За мене најважно е секој ден да го давам максимумот, на теренот и надвор од него, како и да им помагам на соиграчите и на тимот колку што е можно повеќе. Многу сум возбуден што ќе започнам“, изјави Хендерсон за официјалниот сајт на клубот.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Манчестер Сити го претстави Херонимо Рули
Евро-фудбал
Барселона ја зголеми понудата за Родри
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













