Џирона на најдобар можен начин ја заврши сензационалната сезона во Ла Лига, во која речиси една третина од шампионатот беше и на лидерската позиција. Помалиот каталонски тим славеше со 7-0 против Гранада на разделбата со фановите, а на крајот ќе заврши на третата позиција со 81 освоен бод.
Ерик Гарсија во 30.минута ја отвори голеадата, а три минути подоцна погоди и Циганков. Пред крајот на првиот дел, Артем Довбик од пенал зголеми на 3-0.
Шоуто продолжи и во второто полувреме. Циганков беше стрелец на четвртиот гол, Довбик уште двапати се запиша меѓу стрелците, а погоди и Стуани.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар со триумфот над Струга ТЛ и дефинитивно мина прв низ целта и ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Стефан Цветковиќ (Вардар)
Вардар е шампион, а голот вреден титула за триумфот во Струга го постигна Стефан...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













