Connect with us

Џирона го претстави Тер Штеген како големо засилување

Голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген, официјално ќе ги мине следните шест месеци како фудбалер на Џирона, откако беше постигнат договор за позајмица до крајот на сезоната 2025/26. Германскиот чувар на мрежата веќе му се приклучи на новиот клуб и започна со тренинзи со своите нови соиграчи.

Тер Штеген со години беше неприкосновена „единица“ меѓу стативите на Барселона и важеше за еден од лидерите во тимот, а во еден период ја носеше и капитенската лента. Сепак, во текот на актуелната сезона ја загуби позицијата на стандарден прв голман, што го натера да размисли за промена на средината со цел да добие поголема минутажа и континуитет на настапи.

Одлуката да се пресели во Џирона доаѓа како логичен чекор во неговата кариера, бидејќи клубот од Каталонија му нуди можност редовно да брани на највисоко ниво во Ла Лига. На тој начин, Тер Штеген ќе може да се врати во натпреварувачки ритам, да ја подигне формата и да остане во фокусот на селекторот на германската репрезентација.

Оваа позајмица е од особено значење за искусниот голман и во пресрет на Светското првенство, бидејќи редовните настапи ќе му помогнат подобро да се подготви и да конкурира за место во националниот тим. Договорот со Џирона важи до 30 јуни 2026 година, а по неговото истекување ќе биде јасно каква ќе биде иднината на Тер Штеген и неговиот статус во Барселона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови