Романскиот шампион ФЦСБ (поранешна Стеауа) претрпе пораз од Шкендија (0-1) во првиот натпревар од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите, одигран синоќа во Скопје. Сепак, контроверзниот сопственик на романскиот клуб, Џиџи Бекали, останува самоуверен дека неговиот тим ќе се пласира понатаму.
Бекали е убеден дека македонскиот претставник нема никакви шанси на реваншот во Букурешт.
„Овој кикс доаѓа во вистински момент. Ќе ја совладаме Шкендија убедливо дома и ќе се пласираме понатаму“, изјави тој по дуелот во Скопје.
Според него, резултатот не е загрижувачки, туку служи како предупредување за неговите играчи. Тој истакна дека тимот не одиграл на посакуваното ниво, а вината ја лоцира во, како што рече, во несоодветниот пристап на неколкумина фудбалери.
„Ги плативме нашите сопствени грешки, но ова ќе ни биде лекција. Вакви пропусти не смеат да се повторат ако сакаме да постигнеме нешто значајно“, додаде Бекали.
Реваншот ќе се одигра следната среда (30 јули) на домашен терен на ФЦСБ, а исходот од двомечот носи значителна награда – учество во групната фаза од Конференциската лига како минимум.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal
Женски фудбал
Андов: Нова можност да се стекне потребното искуство
Евро-фудбал
Луис Енрике: Многу сум горд на овој ПСЖ
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Осман Дембеле пред трансфер во Манчестер Сити?
Евро-фудбал
Маскерано поднесе оставка во Интер Мајами













