Connect with us

Џереми Доку привремено ќе го напушти Мундијалот: Бебето е поважно од фудбалот

Белгискиот репрезентативец Џереми Доку откри дека постои реална можност да пропушти дел од Светското првенство поради важен семеен настан.

Крилниот напаѓач, кој ова лето има значајна улога во составот на Белгија, изјави дека неговата сопруга Ширин очекува породување на почетокот од јули, што може да го оддалечи од терените во клучна фаза од турнирот.

„Никој не сака да го пропушти породувањето на своето бебе“, изјави Доку за белгиските медиуми, нагласувајќи дека семејството за него е приоритет.

Иако е целосно фокусиран на настапите за националниот тим, Доку потенцираше дека во вакви моменти спортот доаѓа во втор план во однос на приватниот живот.

Белгија, која се натпреварува во групата Г, ќе ги одигра своите натпревари против Египет, Иран и Нов Зеланд.

Доколку терминот на породувањето се совпадне со натпреварите во нокаут-фазата, белгискиот крилен фудбалер ќе биде принуден да донесе тешка лична одлука во среде најголемиот фудбалски турнир.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови