Шкотскиот клуб Глазгов Ренџерс отстрани од тимот петмина свои играчи пред утрешниот прв натпревар од шеснаесетфиналето во Лига Европа против Антверпен, поради кршење на ковид протоколот, соопшти денеска шкотскиот фудбалски прволигаш.
„Прво и најважно, мораме да признаеме дека петмина наши фудбалери биле вмешани во нарушување на мерките за заштита од коронавирусот и поради тоа сите во клубот сме навистина разочарани. Работите ќе ги решаваме интерно“, изјави тренерот на Глазгов Ренџерс, Стивен Џерард, за клупска телевизија.
Актуелниот лидер во шкотското првенство спроведе внатрешна истрага, откако британските медиуми објавија дека играчи на Глазгов Ренџерс биле затекнати на приватна забава што полицијата ја прекина во неделата вечер, во куќа во Глазгов.
Станува збор за фудбалерите Бонгани Зунгу, Нејтан Патерсон, Келвин Угелумба, Дапо Мебуде и голманот Брајан Кинер.
„Тие, засега, се отстранети од тимот и се наоѓаат во изолација. Со сите нив ќе биде разговарано кога околностите тоа ќе го дозволат“, најави Џерард.
Неговиот тим утре од 21 часот на гостински терен во Антверпен го игра првиот натпревар против белгискиот противник во нокаут фазата во Лига Европа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)













