Македонскиот интернационалец Џемал Ибиши ја напушта Локомотива и следните шест месеци ќе ги помине на позајмица во редовите на хрватскиот второлигаш Дубрава Загреб. Младиот фудбалер не доби минутажа во прволигашот Локомотива, па клубот и фудбалерот одлучија дека најдобро ќе биде да замине во редовите на Дубрава, каде ќе има поголема можност за докажување.
Џемал Ибиши во Локомотива Загреб замина од најтрофејниот македонски клуб Вардар каде своевремено беше еден од најталентираните фудбалери.
Дубрава Загреб се наоѓа на 11. позиција во Втората лига на Хрватска и претежно е составена од млади и талентирани фудбалери на Динамо Загреб и на Локомотива.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski