Connect with us

Џеко се прости од репрезентацијата на БиХ, беше испратен со спектакуларно шоу (ФОТО)

Един Џеко се прости од репрезентацијата на Босна и Херцеговина на најемотивен можен начин. Легендарниот напаѓач го одигра последниот натпревар за националниот тим во ремито 1-1 против Шведска во третото коло од Лигата на нации.

За Џеко ова беше 152. настап во дресот на БиХ, а од теренот излезе во 60. минута. Во негова чест беше направен шпалир од фудбалерите, додека аплауз доби и од гостинските играчи и судиите.

По последниот свиреж, во Зеница следуваше спектакуларно збогување со еден од најголемите фудбалери во историјата на босанскиот репрезентативен фудбал.

Над стадионот се појави вистинско шоу со дронови, на кои беше прикажан ликот на Џеко. Посебно внимание привлече пораката испишана на небото над Зеница: „Капитену, ти благодариме“.

Емоциите беа огромни. По натпреварот, Џеко направи почесен круг околу теренот, поздравувајќи ги навивачите кои во текот на целата вечер му оддаваа почит. Во еден од најемотивните моменти, искусниот напаѓач не успеа да ги сокрие солзите.

Беше тоа вечер која долго ќе се памети во Босна и Херцеговина – достојно збогување за капитенот кој остави длабока трага во репрезентативниот дрес.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови