Евертон официјално го претстави најголемиот летен трансфер. Џек Грилиш пристигнува од Манчестер Сити на едногодишна позајмица, со опција за целосен откуп вреден 50 милиони фунти. Сумата е преполовена во однос на рекордните 100 милиони што „граѓаните“ ги платија на Астон Вила во 2021 година.
Во изминатите четири сезони, 29-годишниот англиски репрезентативец одигра 157 натпревари за Сити, постигна 17 голови и запиша 23 асистенции. Беше дел од генерацијата што трипати по ред ја освои Премиер – лигата и стигна до трофеј во Лигата на шампионите.
One place he wanted to go. 🎯 pic.twitter.com/OwnFv7HGN3
— Everton (@Everton) August 12, 2025
Кај „карамелите“ ќе го носи дресот со број „18“ и сигурно ќе го засили нападот на овој тим, со надеж дека добрата форма ќе му обезбеди место и во составот на Англија за Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико.
Ако Евертон ја активира клаузулата за откуп, Грилиш ќе потпише договор до летото 2029 година, што би значело долгорочна стабилност во офанзивниот ред на тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













