Connect with us

Џек Грилиш ќе паузира три месеци, „виси“ и за Светското првенство

Офанзивецот на Евертон, Џек Грилиш, ќе отсуствува од терените во наредните три месеци. 30-годишниот англиски репрезентативец има стрес фрактура на ногата, која беше потврдена по деталните лекарски прегледи.


Грилиш ја одигра целата средба во неделата при победата на Евертон со 1-0 против Астон Вила, клубот во кој ја започна својата професионална кариера.

Очекуваното долго отсуство претставува сериозен удар како за самиот играч, бидејќи значително ги намалува шансите да се најде во составот на англиската репрезентација за Светското првенство кое ќе се одржи ова лето во САД, Мексико и Канада, така и за менаџерот Дејвид Мојес, кој го губи еден од клучните фудбалери во тимот.

Од почетокот на сезоната, Џек Грилиш забележа два гола и шест асистенции во 22 натпревари за „карамелите“. Тој настапува за Евертон на позајмица од Манчестер Сити до крајот на сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови