Трансферот на Џејдон Санчо од Манчестер Јунајтед во Јувентус е практично договорен. Двата клуба направиле одредени компромиси во преговорите за да се реализира зделката.
Се очекува Санчо да потпише со „старата дама“ пред почетокот на подготовките на италијанскиот клуб.
Првично, „црвените ѓаволи“ бараа 25 милиони евра за англискиот репрезентативец, но на крајот ја прифатиле последната понуда на Јувентус во висина од нешто повеќе од 17 милиони евра.
Голема улога во преговорите одиграл и самиот фудбалер, кој инсистирал да биде продаден токму во Јувентус.
Агентот на Санчо веќе пристигнал во Торино за финални разговори и прецизирање на последните детали околу договорот со италијанскиот гигант.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја оствари најубедливата победа во осмото коло откако со 6-0 го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга ТЛ)
Потсети дека некогаш беше и македонски репрезентативец. И сѐ уште има раскошен репертоар на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Дани Карвахал ќе потпише за Хетафе
Евро-фудбал
Рафиња потпишува нов договор со Барселона
Млади репрезентации
Младите фудбалери поразени од Шведска













