Connect with us

Џеф Безос го „освојува“ Ливерпул?! Американскиот милијардер купува 33% од легендарниот клуб од „Енфилд“

Ливерпул би можел да добие нов супермоќен инвеститор. Конзорциум предводен од основачот на „Амазон“, Џеф Безос, наводно е подготвен да купи дури 33 проценти од акциите на англискиот гигант. Според „Скај Спортс“, договорот би можел да биде официјализиран до крајот на неделата.

Вредноста на Ливерпул во моментов се проценува на околу 6 милијарди долари, што значи дека станува збор за една од најголемите инвестиции во историјата на клубот.

Покрај Безос, во конзорциумот се и Едуардо Саверин, коосновачот на Фејсбук, како и индискиот бизнисмен Амин Батија.

Сепак, тоа не би значело целосна промена на сопствеништвото. Фенвеј Спортс Груп, предводена од Џон Хенри, би останала на чело на клубот, додека Безос и неговите партнери би добиле значаен удел и одредено влијание врз одлуките.

„ФСГ“ го купи Ливерпул во 2010 година за околу 400 милиони долари. Само 16 години подоцна, клубот се проценува на неверојатни шест милијарди долари.

Во меѓувреме, Ливерпул започна да троши значително поагресивно на трансфери. Минатото лето на „Енфилд“ пристигнаа Флоријан Вирц, Александер Исак и Милош Керкез, додека клубот плати и околу 80 милиони евра за Жереми Жаке.

Доколку биде реализиран трансферот на Бредли Баркола од ПСЖ, инвестициите во нови играчи би достигнале уште повисоко ниво.

Токму затоа, потенцијалното влегување на Безос во сопственичката структура доаѓа во идеален момент.

Со богатство од околу 280 милијарди долари, основачот на „Амазон“ би можел да му даде на Ливерпул дополнителна финансиска моќ и да ги зголеми амбициите на клубот на трансфер-пазарот.

„ФСГ“ останува главниот сопственик, но доколку договорот биде потврден, Ливерпул ќе добие еден од најмоќните инвеститори во светот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови