Connect with us

Џака објасни дека дресот на Јашари го носеше во чест на младо момче од Македонија

Капитенот на фудбалската репрезентација на Швајцарија, Гранит Џака, објасни зошто по победата над Србија носеше дрес со презимето Јашари. Многумина се прашуваа дали тоа е политичка порака, бидејќи лидерот на терористичката ОВК, Адем, го имаше тоа презиме.


Џака ги отфрли тие тврдења и истакна дека се работи за Ардон Јашари (20), момче со албанско потекло кој потекнува од Македонија.

„Тоа воопшто не беше политички гест. Тоа беше дресот на мојот соиграч Ардон Јашари. Тој е млад играч, со кого одлично се согласувам. Реков дека ако дадам гол и победиме, ќе го носам неговиот дрес”, изјави Џака.

Со овој одговор Џака секако избегна евентуални санкции од ФИФА.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови