Крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен, Дезире Дуе, официјално ја доби наградата за најдобар фудбалер во Европа до 21 година. На специјална церемонија во Торино, организирана од „Тутоспорт“, Французинот го подигна трофејот „Златно момче“ (Golden Boy). Тој освои 450 од можните 500 поени, оставајќи го зад себе Арда Ѓулер од Реал Мадрид, и стана 23-тиот добитник на ова престижно признание.
„Чест ми е што сум овде, навистина сум многу среќен што стојам пред вас. Оваа награда значи многу за мене и ја посветувам пред сè на моите татко и мајка и целото семејство, кои секогаш ме поддржуваа низ годините. Обично не се вознемирувам кога зборувам пред публика, но се возбудувам кога зборувам за нив, за моето семејство. Сакам да ја искористам оваа можност да им заблагодарам за сета нивна поддршка. Му благодарам и на претседателот за довербата што ми ја укажа и што ме донесе во ПСЖ. Благодарност и до стручниот штаб, тренерот, сите волонтери што работат во клубот зад кулисите, но имаат фундаментална улога, како и до Луис Енрике, кој е тука вечерва, и секако, до сите мои соиграчи. На крај, би сакал да се заблагодарам посебно на една личност. Нема да кажам која е, но таа личност ќе знае дека мислам на неа“, рече Дуе од сцената.
„Благодарен сум што станав професионален фудбалер, тоа е сон на секое дете. Освоив многу трофеи, а има уште многу што треба да се освојат, и колективно и индивидуално. Можам да ветам труд и дисциплина до крајот на кариерата. ПСЖ е еден од најголемите клубови во светот и среќен сум што сум дел од него. Да сонуваш е првиот чекор што води кон амбиција, а амбицијата води кон работа за остварување на целите“, додаде тој.
Награда за целокупната кариера доби Лилијан Турам. Поранешниот играч на Монако, Парма и Јувентус не ја криеше својата возбуда.
„Кога си дете, сонуваш да играш фудбал, а кога играш добро, ти плаќаат и можеш да направиш многу убави работи за твоето семејство. Играв долго време во Италија и тоа беше задоволство. Секогаш сум уживал кога го гледав моето име на различните дресови што сум ги носел. Не би можел да издвојам само еден“, изјави Турам.
Особено емотивен момент беше доделувањето на наградата „Златен играч“ (Golden Player) на Диого Жота, кој трагично загина во сообраќајна несреќа ова лето. Признанието го прими неговата сопруга.
„Ви благодарам што го одржувате името на Диого живо. Би сакала да биде запаметен како добар човек и личност“, рече Руте Кардосо.
За најдобар претседател беше избран првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи. Наградата за најдобар спортски директор ја доби Луис Кампос.
Христос Музакидис од Олимпијакос ја освои наградата „Golden Boy Web“ со 39% од гласовите на навивачите.
Признанието „Golden Boy Italiano“ му припадна на напаѓачот на Интер, Франческо Пио Еспозито.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн
Прва лига
Шкендија минимално го победи Работнички
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













