Фудбалскиот клуб Башкими влегува во зимскиот преоден рок со јасна мисија – обезбедување опстанок во Првата македонска фудбалска лига. Раководството на кумановскиот клуб најави сериозни промени во ростерот со цел екипата подготвено да го дочека пролетниот дел од сезоната.
Како дел од реконструкцијата, Башкими се раздели со деветмина фудбалери кои настапуваа во есенската полусезона. Најголемите кадровски зафати се во офанзивната линија, каде што клубот се прости од петмина напаѓачи: Марко Симоновски, Огузан Ајдоган, Фламур Џелили, Абдулхади Јахја и Недим Хаџиќ.
Промени има и во средниот ред, од каде што заминаа Иса Аденкуле и Хабубула Аскар, додека од одбраната повеќе нема да бидат дел Фарук Бихорац и Самет Реџепи.
Во Башкими веќе активно работат на доведување нови засилувања кои би требало да ја зголемат конкурентноста на тимот. Кумановци есенската полусезона ја завршија на шестото место на табелата со 22 освоени бода, што е четири повеќе од осмопласираниот Тиквеш, па пролетта најавува жестока борба за секој бод.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Мануел Аканџи
Евро-фудбал
Ливерпул сака да го купи Камавинга
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Слот: Се радувам што ќе се врати Салах













