Connect with us

Детонација во Мадрид – Винисиус го напушта Реал?!

Вистинска детонација одекна во мадридските медиуми — Винисиус Жуниор донел дефинитивна одлука да ја заврши својата авантура во дресот на Реал Мадрид. Иако раководството на „кралевите“ со месеци се обидуваше да издејствува нов потпис, преговорите доживеаја тотален колапс поради огромните разлики околу финансиските услови.

​Бразилецот не го крие разочарувањето од понудата на Флорентино Перез. Винисиус смета дека третманот и понудената плата не соодветствуваат со статус на еден од најдобрите фудбалери на денешницата, по што одлучил целосно да ги замрзне разговорите и да го побара решението на друго место.

Арсенал е неговата најверојатна дестинација, а неговиот агент отпатува во Лондон во текот на денешниот ден. Наводно, “топчиите” се подготвени да платат 150 милиони евра за реализација на еден од најголемите трансфери во историјата на Премиер – лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови