Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, истакна дека неговата репрезентација одлично ја познава Шпанија пред утрешната полуфинална пресметка меѓу двете селекции на Светското првенство 2026. Тој воедно порача дека фаворит за титулата не се „триколорите“, туку „црвената фурија“, пред сè поради триумфот на Европското првенство во 2024 година.
„Добро ја познаваме Шпанија, тоа е актуелниот европски шампион. Исто така, игравме против нив во полуфиналето од Лигата на нации минатото лето. Уште пред почетокот на Светското првенство нè посочуваа како фаворити, но тоа се Шпанците. Сето она што го постигнаа ги става под поголем притисок, иако го загубија финалето против Португалија во Лигата на нации. Тоа е многу добра репрезентација со голем број силни страни. Ни претстои првото полуфинале на Светското првенство, па нивото ќе биде исклучително високо“, изјави Дешамп.
Првиот полуфинален натпревар меѓу Франција и Шпанија се игра утревечер, од 21 часот, во Арлингтон.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













