Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, изрази задоволство по победата над Хрватска на пенали во четвртфиналето од Лигата на нации. „Триколорите“ вложија многу напор и успеаја да ги анулираат двата гола негатива од првиот натпревар, но не и да ги елилиминираат Хвартите во регуларното време, па мораа да минат низ продолженија и пенали за да изборат пласман на завршниот Ф4 турнир во ЛН.
Дешамп истакна дека клучот за успехот била вербата на неговите играчи дека можат да се вратат во игра.
„Најважно беше што не престанавме да веруваме, особено по првото полувреме, во кое моравме да постигнеме гол. Одигравме натпревар на високо ниво против квалитетен противник. Дали се чувствуваме ослободени? Не, но кога победуваме, секогаш сме среќни и треба да го цениме тоа. Јасно е дека Франција има врвни играчи, но ни недостасува искуство, бидејќи тимот е млад. Оваа победа ќе биде значајна за иднината на оваа генерација“, изјави Дешамп.
Тој посебно го пофали настапот на Мајкл Олисе, кој го постигна првиот гол на мечот.
„Среќен сум за него, беше брилијантен. Знам дека поседува огромен талент. Кога гледам потенцијал, инсистирам на негов развој. Олисе блесна, бидејќи е многу силен со топката во нозете. Одлично се вклопи во офанзивната линија. Мајкл покажува голем напредок во Баерн и овој натпревар ќе му помогне во понатамошниот развој“, додаде Дешамп.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Мануел Аканџи
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно













