Connect with us

Дешамп го објави списокот за СП 2026, ги прецрта Камавинга, Екитике, Коло Муани…

Селекторот на актуелниот вицешампион на светот, Дидие Дешамп, официјално го соопшти списокот од 26 фудбалери на кои ќе смета за претстојниот планетарен собир. Иако Франција важи за прв фаворит за трофејот, објавата на имињата предизвика вистински земјотрес во јавноста поради неколкуте звучни отсуства.

​Најголемото изненадување на списокот е отсуството на членот на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга. Иако се очекуваше тој да биде еден од носителите на играта во средниот ред, Дешамп одлучи дека за него нема место во авионот за Светското првенство. Покрај него, на списокот ги нема и имињата на Екитике, Коло Муани, Турам, Гендузи, Калулу и искусниот Толисо.

​Веднаш по објавувањето на списокот, Дешамп на прес-конференција ја образложи својата одлука, потенцирајќи дека физичката подготвеност била клучниот фактор.

​„Камавинга доаѓа по една исклучително тешка сезона во која не ја доби посакуваната минутажа, а се соочи и со неколку незгодни повреди. Тој е млад фудбалер со светла иднина, но морав да донесам тешки одлуки во интерес на тимот. Можам да го замислам неговото разочарување, но мојата должност е да го изберам најподготвениот состав во овој момент“, изјави Дешамп.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови