Шефот на стручниот штаб на Кит Го, Добринко Илиевски – Пижон потенцира дека има огромна желба кај секој поединец од клубот да се стигне до трите бода во дерби пресметката против Борец од Велес во 24. коло од Втората лига – Исток.
Без разлика на претходниот пораз на гостувањето против Тиквеш, сега во составот тлее максимална мотивација за вистинско надигрување со лидерот во првенството и желба за триумф.
„Фактот дека Борец е лидер во шампионатот доволно зборува околу тоа за каков противник се работи. Секако тоа е дополнителен мотив и за нас отворено да го презентираме сиот наш квалитет, а носени од желбата да дојдеме до бодивите пред своите навивачи“ – вели Илиевски.
Илиевски не ги штеди и пофалбите за составот од Велес…
„Борец располага навистина со многу квалитетни млади фудбалери кои се одлично водени од Горазд Михаилов. Играат офанзивен фудбал, а ако се знае дека и Кит Го негува таков фудбал сето тоа дефинитивно ветува вистинско фудбалско уживање, квалитетен и интересен натпревар во Пехчево, во кој, повторно ќе кажам, се надевам дека ние на крајот ќе се радуваме“ – дополнува стратегот на Кит Го.
Натпреварот меѓу Кит Го и Борец се игра утре (4. мај) на Градскиот стадион во Пехчево со почеток од 16 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Селекторот Капинковски го објави списокот на играчи за дуелите со Црна Гора
Втора лига
Жоглев ја засили Шкендија Арачиново
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













