Connect with us

Дерби за престиж на комплексот на ФФМ, Тиквеш и Брера бараат бодови за опстанок

Четири натпревари од претпоследното, 32. коло во Првата македонска фудбалска лига ќе се одиграат денеска од 17 часот. Веќе е познато дека два меча, Беса – Воска (3-0) и Гостивар – Шкендија (0-3) се регистрирани службено поради тоа што двата клуба го напуштија шампионатот и се исфрлени во најнизок ранг.

Најголемо внимание привлекува соседско дерби меѓу Работнички и Вардар, 79. по ред, кое ќе се игра на комплексот на ФФМ. Иако без резултатско значење, дуелот секако не е незначаен за престиж и историја.

Работнички сака да потврди дека заслужено ќе игра во Европа ова лето, а Вардар има цел да ја продолжи пролетната низа без пораз која во моментов изнесува 15 натпревари.

Во Кратово, Силекс го пречекува Пелистер во натпревар кој исто така ќе се игра само за чест, без влијание врз табелата.

Ситуацијата е поинаква на другите два натпревари. Тиквеш и Брера сѐ уште се во трката за опстанок.

Тиквеш има потреба од само еден бод за да обезбеди директен опстанок. Кавадарчани денеска ќе бркаат позитивен резултат против Шкупи на Чаир.

Брера има потреба од три бода во последните две кола за да го обезбеди опстанокот, па денешната пресметка во Струга е исклучително важна за нив.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 32.КОЛО (денеска, 17 часот)

Работнички – Вардар

Шкупи – Тиквеш

Силекс – Пелистер

Струга ТЛ – Брера

Беса – Воска 3-0 (службено)

Гостивар – Шкендија 0-3 (службено)

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови