Connect with us

Дензел Дамфрис пред трансфер во Реал Мадрид

Флорентино Перез не чека официјално да го потврди новиот претседателски мандат во Реал Мадрид, туку веќе активно работи на засилувањата за следната сезона. Според шпанските медиуми, првиот човек на „кралевите“ има амбициозен план за реконструкција на тимот и веќе направил неколку значајни чекори на трансфер-пазарот.

Откако постигна договор со Жозе Мурињо за преземање на тренерската функција, а Ибрахима Конате се споменува како сигурно засилување по истекот на договорот со Ливерпул, следна цел на мадридскиот гигант е Данзел Дамфрис.

Холандскиот репрезентативец има договор со Интер, но во него постои откупна клаузула од 25 милиони евра, сума што во Реал ја сметаат за одлична можност. По заминувањето на Дани Карвахал, десната бековска позиција е една од приоритетните за засилување, а Дамфрис се вклопува во профилот на играч што го посакува Мурињо.

За разлика од Трент Александер-Арнолд, кој е поофанзивно ориентиран, Дамфрис нуди поинакви карактеристики и би му овозможил на тренерот поголема тактичка разновидност и повеќе решенија во зависност од противникот.

Доколку Холанѓанецот ја прифати понудата, Реал е подготвен веднаш да ја активира клаузулата и да го комплетира трансферот уште пред почетокот на Светското првенство 2026, со што Дамфрис би станал едно од клучните летни засилувања на мадридскиот клуб.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови