Дени Мусовски, напаѓачот со македонско потекло роден во Соединетите Американски Држави и едно од позвучните имиња во МЛС-лигата, и натаму ја негува желбата да настапува за репрезентацијата на Македонија. Ова го потврди претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ.
Интересот на Мусовски за настап во дресот на „црвено-жолтите“ датира уште од 2020 година, кога јавно изрази подготвеност да се приклучи на националниот тим, но до денес не доби повик за сениорската селекција. Омерагиќ откри дека имал директна комуникација со напаѓачот и дека желбата за репрезентативен настап сè уште постои.
Првиот човек на ФФМ најави дека Федерацијата работи и на други потенцијални засилувања. Како една од поблиските опции го посочи Андреј Тодороски од ТСЦ Бачка Топола, кој е на чекор до репрезентативно деби, додека паралелно се следат и други фудбалери со право на настап за Македонија. Сепак, како што истакна, повик ќе добијат само оние што искрено сакаат да играат и се подготвени целосно да се посветат на националниот дрес.
Мусовски моментално е член на Сиетл во МЛС-лигата, каде сезонава забележа одличен учинок со 14 постигнати голови и пет асистенции на 31 настап. Во својата кариера има искуство и со настапи за Лос Анџелес, како и за неколку други клубови во американскиот фудбал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Прва лига
Србинот Мирза Делимеѓац го засили Силекс
Евро-фудбал
Един Џеко потпиша за Шалке
Евро-фудбал
Лоренцо Инсиње би можел да се врати во Наполи?
Интернационалци
Стефан Ашковски ја продолжува кариерата во Иран
Евро-фудбал
Донарума експресно го напушта Манчестер Сити?













