Македонскиот голман Дени Илиев и официјално стана нов фудбалер на Рапид Букурешт. По разделбата со УТА Арад, репрезентативецот на Македонија се договори со еден од најтрофејните и најпопуларни романски клубови, потпишувајќи договор на една и пол година, со опција истиот да биде продолжен.
Од редовите на Рапид го претставија Илиев како значајно засилување, а самиот голман не го криеше задоволството од новиот предизвик.
„Навистина сум среќен што сум дел од Рапид. Подготвен сум да го дадам максимумот за клубот и со нетрпение ја очекувам можноста да играм пред навивачите и да ја доживеам неверојатната атмосфера што ја создаваат. Напред Рапид!“, изјави Дени Илиев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс во финишот ја шокираше Струга ТЛ
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)













