
Македонскиот репрезентативен голман Дејан Илиев ќе остане дел од романскиот прволигаш УТА Арад најмалку до 2027 година, откако клубот му понуди нов двегодишеен договор.
Илиев конечно ја пронајде стабилноста во својата клупска кариера. По долг период исполнет со чести повреди и промени на средини, сега брани стандардно и во континуитет, што беше клучно за да добие доверба и нова соработка со романскиот тим.
Сега, кога е целосно здрав и во добра форма, Илиев се наметна како сигурен избор меѓу стативите, со што си го обезбеди местото во клубот за наредните три години.
30-годишниот Илиев ја започна кариерата во Беласица, но фудбалската јавност го запозна преку трансферот во Арсенал, каде мина целосна деценија. Во текот на кариерата беше дел и од Серед (Словачка), Јагиелонија (Полска) Шревсбери (Англија), Тренчин (Словачка).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
