Connect with us

Демир Имери се сели во Енозис кај Бојан Маркоски, блиску е и Марко Симоновски

Офанзивниот играч за врска Демир Имери кариерата ја продолжува на Кипар. Тој до крајот на сезоната ќе ги брани боите на Енозис, каде што за нов тренер пристигна Бојан Маркоски, кој исто така беше на кормилото на клубот од Дебар Маало на стартот од сезоната.

Имери треба да донесе креативност во средниот ред на тимот кој има сериозно тешка мисија да обезбеди опстанок во елитата на Кипар.

Блиску до потпис со Енозис е уште еден македонски фудбалер, напаѓачот Марко Симоновски, кој во првиот дел од сезоната го носеше дресот на Башкими и постигна четири гола на 13 настапи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови