Договорот на Oсман Дембеле важи уште две и пол сезони, односно до јуни 2028 година, но ПСЖ сака што е можно побрзо да си го обезбеди продолжувањето на соработката со една од своите главни ѕвезди. Сепак, според „Footmercato“, не се очекуваат лесни преговори со освојувачот на „Златната топка“, кој, според истиот извор, ќе ја одбие првата понуда на парижаните.
Изданието додава дека 28-годишниот француски напаѓач, кој во мај ќе наполни 29 години, бара значително повисока плата од онаа што ја добива во моментов (околу 18 милиони евра годишно).
Клучен за успесите на тимот на Луис Енрике, францускиот репрезентативец е во „најдобра можна позиција“ да преговара за продолжување на својот договор.
„Footmercato“ наведува дека првичната понуда на ПСЖ изнесува околу 30 милиони евра годишно, сума што агентите на играчот ја сметаат за недоволна.
Во октомври, по враќањето на теренот по повредата, Дембеле се осврна и на својата иднина во клубот:
„Се чувствувам добро, полека си ги враќам чувствата. (…) Додека имам желба, ќе бидам во ПСЖ. Среќен сум што го одбележав својот 100. натпревар за клубот со гол. Се надевам дека ќе продолжам по овој пат.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













