На гала-манифестација во Дубаи вечерва беа доделени престижните награди „Глоуб Сокер Авордс“. За најдобар фудбалер за 2025 година беше прогласен асот на Пари Сен Жермен, Осман Дембеле.
Францускиот репрезентативец ја заокружи извонредната година со уште едно големо признание, откако претходно славеше и во изборот за „Златната топка“ на „Франс Фудбал“, како и за наградата „The Best“ на ФИФА.
Признанието за најдобар фудбалер на Блискиот Исток му припадна на Кристијано Роналдо, додека награди во различни категории освоија и младите ѕвезди Ламин Јамал и Дезире Дуе, потоа Витиња, како и тренерот Луис Енрике.
Наградата за камбек на годината ја доби Пол Погба, кој успешно се врати на фудбалските терени по завршувањето на суспензијата поврзана со случајот со допинг.
Во категоријата најдобар клуб, во машка конкуренција признанието му припадна на Пари Сен Жермен, додека кај дамите за најдобар тим беше прогласена Барселона. За најдобар спортски директор беше избран Луис Кампос од ПСЖ, а титулата најдобар фудбалски агент заврши кај Жорге Мендеш.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)













