Connect with us

Дембеле: Ќе бидам подготвен за финалето на ЛШ

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Осман Дембеле, потврди дека ќе биде целосно подготвен за финалето во Лига на шампиони против Арсенал. Освојувачот на „Златната топка“ заработи повреда на бутниот мускул за време на дуелот со ФК Париз во неделата, поради што беше заменет уште на средината од првото полувреме.


Дембеле изјави дека на почетокот бил малку исплашен, но потврди дека сè е во ред и дека ќе биде на теренот на 30 мај, доколку Луис Енрике му укаже доверба.

„Малку се исплашив против ФК Париз, но сега сум добро и ќе бидам подготвен за финалето во Лигата на шампионите. Се надевам дека ќе бидам на теренот на 30 мај, ако тренерот ми укаже доверба. Имав многу мали и големи повреди во мојата кариера, особено пред големи натпревари. Сега, со оглед на ова финале, претпочитав да застанам и да не преземам никаков ризик“, изјави Дембеле за „РМЦ Спорт“.

Французинот оваа сезона има 19 голови и 11 асистенции, а неодамна беше избран и за најдобар играч на сезоната во Лига 1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови