Фудбалерите на Барселона по голема мака остварија победа (0-2) против Гвадалахара и се пласираа во следната фаза од Купот на Кралот.
Иако беа гости, очекувано имаа поголема контрола и беа подобар тим на натпреварот, но тешко доаѓаа до погодок и водство.
Првото полувреме заврши без голови, што донесе дополнителна нервоза кај играчите и навивачите на Барселона.
Минутите минуваа и во второто полувреме, а на семафорот сè уште стоеше 0-0.
Се редеа шанси пред голот на домашниот тим, но топката едноставно не сакаше да заврши во мрежата.
Првиот гол беше постигнат во 77. минута, кога Кристенсен, со доста среќа, успеа да го совлада домашниот голман и да ѝ донесе водство на својата екипа.
По тој погодок, домаќините во следните десет минути тргнаа во напади со надеж дека ќе стигнат до израмнување, но без успех.
На крајот, Барселона го постигна и вториот гол преку Рашфорд во 90. минута, со што го потврди пласманот во следната рунда.
Барселона до крајот на оваа година ќе одигра уште еден натпревар на гостински терен, и тоа против Вилјареал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Калјари ја победи Аталанта во Бергамо
Втора лига
Втора лига: Македонија ЃП подобра од Камјани
Евро-фудбал
Барса му нуди нов договор на Рафиња
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













