Барселона не се откажува од намерата да го ангажира напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез. Спортскиот директор на каталонскиот гигант, Деко, заедно со својот асистент Жоао Амарал, отпатува во Мадрид на клучна средба со агентот на аргентинскиот репрезентативец, Фернандо Идалго.
Целта на состанокот е да се разгледаат последните чекори за реализација на трансферот. Алварез во моментов е на одмор на Ибица по настапот на Светското првенство, а во таборот на Атлетико треба да се приклучи на 10 август. Сепак, неговите агенти тврдат дека напаѓачот сака да ја продолжи кариерата исклучиво во Барселона и следната сезона да игра под водство на Ханси Флик.
Каталонците одамна испратија понуда вредна 100 милиони евра и таа сè уште е на маса. Желбата на фудбалерот дополнително го мотивирала Деко лично да отпатува во Мадрид и да се обиде да ги забрза преговорите.
Од Атлетико, сепак, остануваат цврсти на својот став. Извршниот директор на клубот, Мигел Анхел Хил, порача дека Алварез не е на продажба, нагласувајќи дека нема да биде продаден „ниту за 100, ниту за 150, ниту за 200 милиони евра“.
Односите меѓу двата клуба се дополнително нарушени откако Атлетико поднесе жалба до Кралската шпанска фудбалска федерација поради однесувањето на Барселона, а случајот веќе е предмет на истрага.
И покрај тоа, Барселона не се откажува од Алварез. Средбата меѓу Деко и неговиот агент е само еден од чекорите во обидот да се отвори пат кон преговори со Атлетико, кој засега не покажува подготвеност за договор.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













