Барселона минатата сезона не освои ниту еден трофеј, па ова лето ќе следи реконструкција во сите структури. Доведен е нов тренер, Ханси Флик, кој го замени Чави и ќе треба да донесе нова свежина за тимот. Жоан Лапорта напорно се труди да обезбеди пари, а спортскиот директор Деко се обидува во рамките на буџетот да ги доведе најквалитетните засилувања.
Финансиската состојба на Барселона не е толку лоша кога се работи за заработката, но најголем проблем е финансискиот фер-плеј и буџетот за плати кој е максимално искористен, поради што доведувањето на нови засилувања не им е така лесно на каталонците.
И ова лето се очекува Барса да продаде неколку првотимци за да направи место за нови засилувања, но тешко е да се очекува тие да донесат големо име како во минатото.
Сепак, „Мундо Депортиво“ пишува дека покрај летниот преоден рок, Деко веќе почнал да размислува и за оној во 2025 година и ја започнал мисијата на „невозможната мисија“ да доведе голема ѕвезда.
Деко е маѓепсан од играта на Флоријан Вирц, кој блесна минатата сезона во дресот на Баер Леверкузен и го привлече вниманието на многу европски гиганти. Тој смета дека единствено Вирц би можел да го врати препознатливиот стил на Барселона и околу него да се изгради тим што би можел да му парира на Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бодо/Глимт го тресна Манчестер Сити
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













