Фудбалерите на Арсенал ја завршија својата мисија пред крајот на сезоната – со минимална победа од 1-0 над Њукасл на „Емирати“, тимот на Микел Артета и математички го обезбеди второто место во Премиер – лигата.
Клучниот момент на натпреварот се случи во 55. минута, кога Деклан Рајс со прекрасен удар ја казни неорганизираната одбрана на Њукасл. Англискиот репрезентативец ја заокружи одличната акција на Сака и Одегард и ја погоди мрежата на Ник Поуп со прецизен удар во далечниот агол.
Со тоа, Арсенал дојде до заслужена победа и ја продолжи одличната домашна серија.
Иако Њукасл во последните минути се обиде да се врати, најблиску до израмнување беа преку Џо Вилок, чииот удар заврши покрај стативата. Арсенал успешно ја зачува предноста и на крај заслужено се радуваше.
Со оваа победа, Арсенал има пет бодови повеќе од Њукасл и останува недостижен за конкурентите зад себе. На спротивната страна, тимот на Еди Хау претрпе седми пораз на гости оваа сезона, и со 66 освоени бодови, сега се наоѓа во тесна борба за место во ЛШ, заедно со Челси и Астон Вила.
Во последното коло, Њукасл ќе мора да ја победи екипата на Евертон за да остане во игра за пласман во Лигата на шампионите.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













