Арсенал забележа тесна, но важна победа на гости кај Борнмут (2-3) во 20. коло на Премиер – лигата и ја задржа лидерската позиција со 48 поени, шест пред Астон Вила и седум пред Манчестер Сити, кој има меч помалку.
Мечот почна лошо за „топчиите“. Борнмут поведе уште во 10. минута, откако Габриел направи голема грешка и ја додаде топката директно на Еванилсон, кој не погреши и донесе 1-0 за домаќините.
Сепак, само шест минути подоцна Габриел се „искупи“. По корнер на Деклан Рајс и одбрана на Ѓорѓе Петровиќ, топката стигна до Мадуеке, кој го проигра Мартинели, а Габриел од прва од седум метри ја погоди мрежата за 1-1.
Во второто полувреме Арсенал ја презеде контролата. Во 54. минута Деклан Рајс, по одлично додавање од Одегард, го постигна водечкиот гол за 1-2, а во 71. минута го „заклучи“ резултатот со втор погодок по асистенција на Сака, за 1-3.
Драмата сепак продолжи, во 77. минута младата надеж на Борнмут, Ели Крупи, постигна прекрасен гол од далечина за конечни 2-3.
Со победата, Арсенал ја потврдува позицијата на врвот и продолжува да го контролира темпото во трката за титулата, додека Борнмут останува на 15. место со 23 поени.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Шпанците се први финалисти на Мундијалот (ВИДЕО)













