Connect with us

Дефанзивци голгетери: Серафимов и Велковски стрелаа за Залагерсег и за Ријека

Македонските репрезентативци Никола Серафимов и Дарко Велковски стрелаа за своите клубови по враќањето од репрезентативните активности. Серафимов погоди во осмата минута од сензационалниот триумф (1-2) на Залагерсег против Ференцварош.

Дарко Велковски беше стрелец на еден гол во ремито (3-3) меѓу Ријека и Динамо Загреб. Тој во 41.минута донесе предност од 3-0 за Ријека против актуелниот шампион на Хрватска. Но, Динамо Загреб за кој настапи Стефан Ристовски во второто полувреме успеа да израмни на 3-3.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови