
Вардаровата легенда и прв селектор на македонската фудбалска репрезентација, Андон Дончевски, ќе биде меѓу присутните на трибините на Арената „Тодор Проески“ вечерва, да им даде поддршка на „црвено-црните“ во обидот да го освојат Купот на Македонија.
Во ноември ќе го прослави својот 90. роденден, но дедо Дончо и понатаму е со младешки дух и не ја крие својата страст кон Вардар.

Пред финалето против Струга Трим Лум, тој лично ги посети играчите во базата, упатувајќи неколку совети и мотивациски зборови.

„Вардар денес мора да победи, па дури и Реал Мадрид да е противникот!“, им порача харизматичниот Дончевски, додавајќи дека „Струга нема што да бара во ова финале“. Говорот на Андон Дончевски може да го видите на следниот линк.
Неговото присуство претставува дополнителен мотив за тимот на Гоце Седлоски, кој вечерва ќе се обиде да ја продолжи славната историја на најтрофејниот македонски клуб и да му го подари првиот трофеј по повеќегодишна пауза.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal