Тешкиот пораз од 0-4 на „Метрополитано“ ќе остане запишан како најубедливиот неуспех на Барселона под водство на Ханси Флик. Германскиот стратег досега немаше доживеано пораз со четири гола разлика со каталонскиот тим, а уште поболно е што сите четири погодоци беа примени во едно полувреме.
Претходно, највисоките порази на Барса со Флик беа 0-3 од Челси и 1-4 од Севилја оваа сезона. Интересно, самиот Флик има само уште еден ваков тежок пораз во тренерската кариера – 2-6 со Хофенхајм против Кикерс Офенбах во 2006 година.
Поразот од Атлетико неизбежно ги врати сеќавањата на кошмарната ноќ во 2020 година, кога Баерн Минхен ја декласираше Барселона со 8-2 во Лигата на шампионите. Тогаш, исто така, четири гола паднаа во едно полувреме – а на клупата на Баерн седеше токму Флик.
Барселона немала негатива од четири гола по првите 45 минути уште од 1953 година, кога Реал Мадрид славел со неверојатни 11-1.
Кога станува збор конкретно за дуелите со Атлетико, последен пат каталонците губеле со 0-4 на полувреме во далечната 1949 година. Тој меч завршил 4-1 во корист на „јорганџиите“.
Овој пораз не е само статистички удар, туку и сериозен психолошки тест за тимот на Ханси Флик, кој ќе мора брзо да реагира ако сака сезоната да не тргне во погрешна насока.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













