Тотенхем остана разочаран по ремито 2-2 со Брајтон. Домаќините примија гол во судиското продолжение и го испуштија триумфот, а менаџерот Роберто Де Зерби призна дека се чувствува како да го изгубиле натпреварот.
„Да, се чувствувам како да изгубивме, затоа што одигравме добар натпревар. Брајтон е многу добар тим и во овој момент играат одлично. Но мислам дека заслуживме да победиме, особено затоа што примивме гол во продолжението по изгубена топка додека беше во наша сопственост“, изјави Де Зерби.
И покрај разочарувањето, тој истакна дека е горд на своите играчи.
„Многу сум горд затоа што играчите дадоа сè од себе, со правилен менталитет, карактер и енергија. Игравме добро со топка. Можеби бевме подобри без топка во првото полувреме, додека во второто страдавме повеќе поради поседот на противникот“, додаде тој.
Тој ја коментираше и грешката на Кевин Дансо, која доведе до израмнување.
„Преферирам да правиме грешки со храброст и карактер, отколку да примиме гол без смелост. Сега ни треба храброст. За да победуваме, мора да играме позитивно и офанзивно“, смета италијанскиот стратег.
И покрај тешката ситуација во борбата за опстанок, Де Зерби не се откажува.
„Сè уште не е готово. Тешко е, но имаме уште пет натпревари. Верувам дека можеме да победиме на сите пет. Имаме доволно квалитет да се бориме и да врземе победи“, заклучи тој.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal













