Connect with us

Де Лихт се оперираше и ќе го пропушти Светското првенство

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Матијс де Лихт, беше подложен на операција, поради што сигурно ќе го пропушти претстојното Светско првенство, а можно е да ги пропушти и првите натпревари од следната сезона.

26-годишниот Холанѓанец бил принуден да оди на хируршка интервенција, откако шест месеци се мачел со повреда на грбот, за која првичните информации беа дека ќе го оддалечат од терените само една недела. Повредата ја заработи на натпреварот против Кристал Палас на 30 ноември, откако претходно беше во одлична форма од почетокот на сезоната и одигра секоја минута за Манчестер Јунајтед до тој момент.

Според официјалното соопштение објавено на веб-страницата на „црвените ѓаволи“, Де Лихт треба да се врати во раната фаза од сезоната 2026/27.

„По шест месеци лекување и напорна работа за рехабилитација, операцијата беше единствената преостаната опција. Разочаран сум што не можев да му помогнам на тимот во последните шест месеци и што очигледно ќе го пропуштам Светското првенство, но со нетрпение очекувам да направам сè што е потребно за повторно да се вратам пред навивачите и повторно да се чувствувам добро“, изјави Де Лихт.

Дефанзивецот беше дел од репрезентацијата на Холандија на последните три големи натпреварувања, но сега селекторот Роналд Куман нема да може да смета на него за турнирот во Северна Америка.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови