Џенаро Гатузо останува на клупата на Наполи и ќе го предводи тимот за кој настапува Елиф Елмас и во наредниот период. Претедателот на клубот Аурелио де Лаурентис синоќа имал средба со тренерот Гатузо и му соопштил дека има комплетна доверба во неговата работа.
„Претседателот Аурелио де Лаурентис, потпретседателот Едоардо и генералниот менаџер Андреа Кијавели имаа средба со стручниот штаб и искажаа целосна доверба во работата на Џенаро Гатузо“, истакнаа од Наполи.
Позицијата на Гатузо беше загрозена по двата порази на Наполи во низа, првиот во Суперкупот на Италија од Јувентус, а вториот против Верона на гости во Серија А.
Тимот на Наполи вечерва го игра натпреварот од Купот на Италија против Специја на домашен терен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Донарума е избран за најдобар светски голман













