Connect with us

Де Лаурентис ќе му понуди нов договор на Антонио Конте

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, планира да му понуди нов договор на тренерот на тимот, Антонио Конте, објавуваат италијанските медиуми.

Актуелниот договор на стручњакот важи до летото 2027 година, но намерата на првиот човек на италијанскиот шампион е нивната соработка да продолжи уште подолго. За таа цел, Де Лаурентис е подготвен да го продолжи договорот на Конте за уште две сезони, до 2029 година, бидејќи го смета тренерот за клучен фактор за успесите на клубот оваа година. И самиот Конте, наводно, испраќа позитивни сигнали за ваквата можност, а при препотпишување би добил и зголемување на платата.

Интересно е што на почетокот на ноември постоеја гласини за можна разделба меѓу двете страни поради незадоволството на Конте по поразот од Болоња со 0-2. Сега, сепак, атмосферата во клубот е целосно поинаква, откако пред неколку дена 56-годишниот стратег го предводеше Наполи до триумф во Суперкупот на Италија, кој го додаде на освоеното Скудето уште во својата дебитантска сезона на клупата на „партенопеите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови