Connect with us

Де Лаурентис го чека Винченцо Италијано на клупата на Наполи

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, ја продолжува потрагата по нов тренер по заминувањето на Лучијано Спалети. Тренерот на Фиорентина, Винченцо Италијано е приоритетна цел на сопственикот на клубот од Неапол. 45-годишниот Италијано ја водеше Фиорентина во последните две сезони.


Пред тоа ги водеше Специја и Трапани. Веќе е остварен првиот контакт меѓу Де Лаурентис и Џо Бароне, генералниот директор на Фиорентина. Разбирливо е дека детални разговори ќе има по финалето на Конференциската лига на 7 јуни, каде Фиорентина ќе се соочи со Вест Хем.

Покрај Италијано, раководството на наполитанскиот клуб ја разгледува и кандидатурата на германскиот тренер Џулијан Нагелсман, кој во моментов преговара и со Пари Сен Жермен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови