Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, не ги криеше емоциите по драматичната победа на пенали против Холандија во четвртфиналето на Лигата на нации. Двете селекции приредија вистинско фудбалско шоу, постигнувајќи по три гола, пред победникот да биде одлучен со удари од белата точка.
Де ла Фуенте истакна дека ваков натпревар лесно можел да биде и финале на Европско првенство.
„Многу сме возбудени. Ова беше натпревар што можеше да биде финале на Европско првенство. Игравме на ниво кое ме изненади. Чувството е слично како кога ја освоивме титулата на ЕВРО 2024“, изјави Де ла Фуенте.
„Се соочија два тима со слични карактеристики, бидејќи сакаат да напаѓаат. Верувам дека навивачите уживаа во мечот. Сега сме во завршната фаза заедно со три поранешни светски шампиони и еден освојувач на ЕВРО 2016. Само погледнете кои тимови останаа – поранешен светски шампион како Италија веќе испадна. Не случајно го споредив овој турнир со Европско првенство“, додаде селекторот на „црвената фурија“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)













