Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, остана смирен по неочекуваниот кикс на стартот од Светското првенство 2026. „Црвената фурија“ одигра без голови против дебитантот Зеленортски Острови, но искусниот стратег не смета дека неговиот тим разочарал со играта.
„Најважно е да останеме доследни и да продолжиме да ги следиме идеите во кои веруваме. Да, можеби не бевме доволно прецизни во завршницата. Ова беше еден од оние натпревари во кои создаваш многу шанси, но не успеваш да ги реализираш“, изјави Де ла Фуенте.
„Веројатно ни недостасуваше и малку свежина. Зеленортските Острови се многу добро организирана селекција. Уште од самиот почеток се повлекоа во длабок блок и беше тешко да создадеме чисти можности. Во одредени моменти успевавме, но требаше побрзо да ја движиме топката“, продолжи шпанскиот селектор.
„Сигурно не ни недостасуваше желба. Упативме многу удари кон голот, но топката едноставно не сакаше да заврши во мрежата“, додаде тој.
„Ламин Јамал и Нико Вилијамс постепено влегуваат во натпреварувачки ритам. Во следниот натпревар веројатно ќе добијат поголема минутажа и ќе бидат уште поопасни за противникот“, истакна предводникот на актуелниот европски шампион.
Во второто коло од групната фаза, Шпанија ќе се соочи со Саудиска Арабија.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













