Светот вечерва ќе го добие новиот фудбалски владетел! На „МетЛајф“ стадионот во Њујорк, Шпанија и Аргентина ќе ја водат последната битка за трофејот на Светското првенство 2026, а селекторите веќе ги објавија стартните состави.
Луис де ла Фуенте остана верен на тимот кој ја донесе Шпанија до финалето и не направи ниту една промена. Единствената дилема беше во средниот ред, каде што Фабијан Руиз доби предност пред Педри.
На другата страна, Лионел Скалони се реши за едно значајно изненадување. Лаутаро Мартинез, стрелецот на победничкиот гол против Англија во полуфиналето, ќе остане на клупата, додека во нападот покрај Лионел Меси ќе стартува Хулијан Алварез.
Шпанија: Унаи Симон; Педро Поро, Пау Кубарси, Ајмерик Лапорт, Марк Кукуреља; Родри, Фабијан Руиз, Дани Олмо; Алекс Баена, Микел Ојарзабал, Ламин Јамал.
Аргентина: Емилијано Мартинез; Науел Молина, Кристијан Ромеро, Лисандро Мартинез, Николас Таљафико; Родриго Де Пол, Алексис Мекалистер, Енцо Фернандез, Нико Гонзалез; Лионел Меси, Хулијан Алварез.
Спектакуларното финале започнува во 21:00 часот, а влогот е огромен.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













