Капитенот на Барселона, Френки де Јонг, исто така отворено зборуваше за настапот на судијата Хил Манцано по поразот од Реал Сосиедад. Тој сподели дека за него однесувањето на судијата било срамно.
„Заслуживме да победиме, имавме многу шанси. На крајот требаше да ги реализираме. Игравме многу добро, но ни недостигаше завршниот удар. Ремиро одигра одличен натпревар“, започна Де Јонг.
Потоа, сепак, не го одмина настапот на судијата.
„Ако е офсајд, тогаш е офсајд. Нема друга опција. Ни рекоа дека не е. Истото се случи и тука минатата година. Дури не можеш ни да разговараш со судијата. Јас сум капитен, а тој ме гледа како да сака да каже: ‘Јас сум над тебе.’“
Холанѓанецот додаде: „На крајот од натпреварот, во судиското продолжение, постојано му велев да го следи часовникот, колку време ја одолговлекуваат играта. Нормално е тие да го прават тоа, но Хил Манцано не додаде ништо. Тоа е срамно, а на крајот ми покажа жолт картон.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Калјари ја победи Аталанта во Бергамо
Втора лига
Втора лига: Македонија ЃП подобра од Камјани
Евро-фудбал
Барса му нуди нов договор на Рафиња
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













