Кевин Де Бруин е подготвен за нов чекор во својата кариера, а според најновите информации, најблиску е до трансфер во Наполи. Белгиецот дал зелено светло за почеток на преговори со италијанскиот клуб, кој сега го води Антонио Конте и има високи амбиции во Серија А, борејќи се за Скудетото и враќање на европската сцена.
Де Бруин викендов ќе го одигра своето последно финале во дресот на Манчестер Сити, во ФА Купот, со што ќе стави крај на една децениска авантура на „Етихад“. И покрај понудите од САД и Саудиска Арабија, 32-годишниот плејмејкер верува дека и натаму може да настапува на највисоко ниво. Наполи му нуди токму тоа – шанса да се бори за трофеи и да игра во Лигата на шампионите.
Во исто време, медиумите од Англија објавуваат дека Пеп Гвардиола веќе работи на замена за Де Бруин. Доколку не успее да го донесе Флоријан Вирц од Баер Леверкузен, Сити ќе се обиде да го ангажира холандскиот репрезентативец Тијани Рејндерс од Милан.
Рејндерс неодамна го продолжи договорот со Милан до 2030 година, изразувајќи задоволство од животот и кариерата во Милано. Сепак, интересот од Манчестер Сити и може да има влијание врз неговата одлука. Милан летото 2023 година плати 20 милиони евра за неговите услуги, но сега сигурно ќе бара значително повисока сума.
Пеп Гвардиола е свесен дека мора да го засили средниот ред, особено по заминувањето на Де Бруин и со оглед на годините на Илкај Гундоган, па трансферот на Рејндерс се гледа како стратешка инвестиција за иднината.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Зиелински го нокаутира Јуве во 90.минута (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Аталанта славеше против Лацио на „Олимпико“













