Во Италија повторно се отвора голманското прашање во редовите на Јувентус, откако клубот сериозно размислува за промени на оваа позиција во летниот преоден рок.
Според информациите, раководството од Торино не е целосно убедено во настапите на Микеле Ди Грегорио и Матија Перин, па се разгледува опцијата да биде донесен нов прв голман. Во таков развој на настаните, извесно е дека еден од актуелните чувари на мрежата би го напуштил клубот.
Во изминатиот период, Јувентус беше поврзуван со звучно име како Алисон Бекер од Ливерпул, но негов ангажман се смета за тешко остварлив поради високите финансиски барања.
Поради тоа, како пореална цел се наметнува Давид Де Хеа, моментално член на Фиорентина. Шпанскиот голман заработува околу 3,5 милиони евра по сезона, а клубот од Фиренца наводно би прифатил трансфер вреден околу 10 милиони евра.
Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед по доаѓањето во Италија повторно ја врати формата и се наметна како еден од најсигурните голмани во Серија А.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Интер се договори со голманот на Лацио
Прва лига
Оливер Богатинов е нов тренер на Тиквеш













